Фудбал

АРТЕТА ОБВИНЕТ ОД ФУДБАЛСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА

Тренерот на Арсенал имаше свое видување за мечот со Њукасл, кој неговата екипа контроверзно го загуби, па на неговите коментари одговори фудбалскотот тело на Англија.

Ова е официјалното соопштение на ФА:

Микел Артета е обвинет за прекршување на правилото Е3.1 на ФА, по коментарите што ги даде во интервјуа за медиумите по натпреварот на Арсенал во Премиер лигата против Њукасл Јунајтед во сабота на 4 ноември.

Микел Артета, одлуката на ВАР да го дозволи голот на Њукасл ја нарече „срамна“. Голот на Ентони Гордон имаше три ВАР-проверки и сите беа оценети во корист на Њукасл.

Артета има рок до вторник да одговори на обвинението.

Беше ли во право Артета? Во право ли е Фудбалската Асоцијација?