АРГЕНТИНСКАТА РЕКА КОЈА СЕ СЛЕА ВО БРАЗИЛСКАТА ПРЕСТОЛНИНА
Објавено на: 05.11.2023
Фановите на Бока Јуниорс кои допатуваа за мечот со Флумименсе во Рио де Жанеиро, не потсетија на Амазон, најволуменската река на светот, втората најдолга на земјината топка, река која некогаш течела во спротивниот правец, а сега преку Бразил се слева во Атланскиот Океан.
Во главниот град на Бразил имаше околу 100.000 навивачи на Бока Јуниорс, кои допатуваа да го гледаат финалето во Копа Либертадорес против Флуминенсе, дури беа и организирани заедно со ривалските навивачки групи на противникот кој е со седиште во Рио.

Бројката на присуство не им помогна, загубија во финалниот меч и Флуминенсе ја освои првата титула во континенталното натпреварување. Сепак, останува впечатокот дека вака се сака клубот и вака се навива за својата екипа, се патува па макар и не се влегло на стадионот…