Фудбал

НЕ УСПЕА ВО ЛИВЕРПУЛ, СЕГА ЏИТКА ВАР-МОНИТОРИ ВО СЕЛТА

Неуспешниот трансфер на Ливерпул, Јаго Аспас фрли ВАР-монитор на земја и почна бесно дивеење за време на ремито на Селта Виго со Севиља. Напаѓачот играше ос почетокот, пред да биде заменет на 20 минути до крајот. Во тој момент, Селта беше на пат на евентуална витална победа, но Јусеф Ен-Несири од клупата успеа да израмни на шест минути до крајот.

Домаќините мислеа дека ќе ја имаат последната шанса да ги освојат трите бода длабоко во судиското надополнување, кога судијата Алехандро Ернандез им досуди пенал за очигледен прекршок на Хесус Навас врз Анастасиос Дувикас. Но, по проверката на ВАР, Ернандез ја поништи својата одлука, предизвикувајќи бес кај домашната публика и нивните играчи. Аспас, до овој момент гледајќи од клупата за резерви не можеше да го задржи својот гнев.

Тој стоеше на страна и кога беше објавена одлуката, се сврте на земја и ги крена рацете. Аспас потоа упадна кон областа каде што се чува ВАР мониторот. Напаѓачот го фати со двете раце и го фрли на земја пред да го одведе член на стручниот штаб на Селта. По натпреварот, тој сè уште беше бесен кога го испрашуваа за неговиот испад.