Фудбал

ЕЛИТЕН СУДИЈА ДЕГРАДИРАН ВО ПОНИСКА ЛИГА

Ентони Тејлор ќе суди во Чемпионшип за првпат по четири години. 45-годишникот ги налути навивачите откако му досуди контроверзен пенал на Њукасл, на натпреварот од Премиерлигата против Вулвс минатиот викенд.

Тој покажа на белата точка откако Хванг Хи Чан го собори Фабијан Шар додека се обидуваше чисто да ја расчисти топката. Одлуката не беше поништена од ВАР и покрај долгата проверка, но и Хванг и шефот на Волвс Гери О’Нил беа категорични дека тоа не е пенал.

О’Нил дури отиде дотаму што ова го нарече го нарече „скандалозно“ судење. Натпреварот заврши 2:2, откако Вулвс двапати се вратија во живот. Вака се креира позитивно јавно мислење и сигурност кај играчите, или потегот е само популизам?