ЕМОТИВНАТА ПОРАКА НА ЕРИКСЕН, ОД БОЛНИЦА
Објавено на: 15.06.2021
Данскиот фудбалер се опоравува од срцевиот удар што го преживеа на теренот, за време на мечот со Финска во првото коло на ЕП.
View this post on Instagram
Поздрав до сите. Ви благодарам на сите за прекрасните пораки, за поддршката од целиот свет. Тоа многу ни значи мене и на моето семејство. Со оглед на околностите, се чувствувам добро. Сè уште сум во болница и мора да се направат детални контроли. Гледајќи ги наредните натпревари ќе навивам за мојата репрезентација. Играјте за Данска. Се најдобро.
Ериксен падна на теренот како покосен, но брзата реакција на судијата, колегите и лекарската екипа, му го спаси животот. Светот веќе презема чекори за изнаоѓање на решенија за вакви и слични ситуации на терените.
