Фудбал

СОСТАВОТ НА САУТГЕЈТ – КАКВИ НИ СЕ ШАНСИТЕ?

Селекторот на Англија ги објави имињата кои ќе им се спротивстават на Малта и на Македонија, на претстојните два квалификациски дуела за пласман на следното европско првенство. Со Англија, ние играме на 19-ти јуни на култниот стадион Олд Трафорд.

Куриозитетно е тоа што, како што напомена и селекторот на Гордиот Албион, Англија нема победа против Македонија на домашен терен – се сеќаваме на голот на Шаќири од корнер и оние 2:2 од Сент Мери, односно 0:0 на претходното соочување на Олд Трафорд.

Кои ни се шансите сега, може ли Македонија да го продолжи позитивниот резултатски тренд во елитните квалификации? Победивме во првото коло на домашен терен со Малта (2:1), а не чекаат уште и дуели со селекциите на Италија, односно Украина.

*Првите две селекции од секоја група одат на ЕП. За дополнителните места ќе се решава преку Лигата на нациите 2022/23.