ВНИМАТЕЛНО ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ GOAT
Објавено на: 24.05.2023
По новиот гол што го постигна португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо, со кој неговата екипа Ал Наср е на само три бода зад Ал Итихад на две кола до крајот, ни покажува дека човекот се уште не го кажал последниот збор.
Еве само дел од неговата импресивна статитсика, која се уште е актуелна и ја покажува неговата разновидност како играч, кој влијае позитивно на сите екипи во кои настапува:
– 25% од головите во кариерата на Роналдо се победоносни.
– 63% од головите на Роналдо се постигнати кога неговиот тим губел или бил во егал со веќе постигнат гол.
– Отпишаниот има 18 гола од 22-ри јануари (Балон Д’Ор Меси има 8 во цела сезона во Франција?) во не толку квалитетна лига, но резултатски мошне неизвесна.
– 17 рекордни гола во сезоната од ЛШ 2013/14 со освоена титула.
– Тројна титула во ЛШ и тројна премиерлигашка титула.
Внимателно кога е оценувате кој е најдобриот фудбалер на сите времиња, или најуспешниот…