Фудбал

ДАЛИ Е НАЈДОБАР? СИГУРНО Е СПЕЦИЈАЛЕН

Долго време, од појавата на масовните медиуми, се води он-лајн битката за прашањето „кој е најдобриот“ меѓу најдобрите, на сите времиња – менаџер, фудбалер, голман и слично.

Нема најдобар, затоа што сите играле, постоеле и егзистирале во различни ери. Може да биде најдобар на својата ера или на една одредена генерација. Условите се различни, секогаш.

Жозе Мурињо можеби не е најдобар во неговата генерација, иако тоа е прашање само на вкус и никако на резултати, но максимално заслужено е „специјален“. Еве зошто:

❌ Челси немаше англиска титула цели 50 години.
🏆 Жозе Мурињо ја освои со Челси.

❌ Интер немаше трофеј во ЛШ цели 45 години.
🏆 Жозе Мурињо го освои со Интер.

❌ Реал Мадрид немаше титула во Купот на Кралот цели 22 години.
🏆 Жозе Мурињо триумфира со Реал Мадрид.

❌ Манчестер Јунајтед немаше европска титула 9 години.
🏆 Жозе Мурио ја освои во Лига Европа со Манчестер Јунајтед.

❌ Рома немаше титула во европските купови.
🏆 Жозе Мурињо триумфира во Конференциската лига во првата сезона со Рома.
⏳ Рома е дел од финалето во Лига Европа и ако победи ќе се пласира во ЛШ.

➡ 6 европски финалиња.
🏆 5 трофеи со шанса за 100%.

✅ Првиот тренер во историјата со СИТЕ европски трофеи.
✅ Првиот тренер во историјата со европски трофеј со 4 различни клуба.

Тоа е Жозе Мурињо – СПЕЦИЈАЛНИОТ!