УЕФА ПОДГОТВИ МИНУТИ ЗА ПИРЛО, НАЈДОБРИОТ „МИДФИЛДЕР“ НА ДЕНЕШНИЦАТА?
Објавено на: 19.05.2023
Андреа Пирло денеска наполни 44 години, а Европската куќа на фудбалот му оддаде почит со видео-хајлајтс од неговите потези кои оставаа без здив. Маѓионичарот на Милан, Јувентус, Интер, Бреша и Њујорк, едноставно беше уникатен и останува неповторлив.
Тој не дриблаше во празно, ги решаваше натпреварите со еден потег. Тој не пимплаше на својата половина, испраѓаше проектили кои беа смртоносни пред противничкиот гол. Тој играше напред, назад, во средината на теренот. Постигнуваше голови, се справуваше со најдобрите противници. Андреа Пирло, е еден од најпотценетите бисери на светскиот фудбал:
🇮🇹 Andrea Pirlo was simply stunning.#UCL pic.twitter.com/S8pa6SCy80
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) May 19, 2022
З анего зборуваат неговите потези, за него сведочи наследството кое им го остави на поколенијата. Тој е најдобриот играч од средниот ред на модерната генерација која се уште трае?