Фудбал

ЗА ДА ГИ ЗАШТИТАТ ФАМИЛИИТЕ, ФУДБАЛЕРИТЕ НА ВЕСТ ХЕМ СЕ ТЕПАА СО НАВИВАЧИТЕ НА АЛКМАР

Англиската екипа победи во полуфиналното соочување со холандскиот претставник, по што на трибините се случи голем инцидент во кој беа вклучени сите можни актери на реваншот во рамките на претпоследниот филтер во Конференциската лига на УЕФА.

Вториот меч заврши со резултат 0:1 (на првиот беше 2:1 за Вест Хем), а играчите на гостите мораа да „интервенираат“ и да се судрат не само со навивачите, туку и со стјуардите на мечот, затоа што дел од публиката ги малтретирала нивните семејства:

Кого сега ќе казни УЕФА? Во финалето ќе играат Вест Хем и Фиорентина која го елиминира Базел.