ЗА ДА ГО СТИГНЕ РОНАЛДО, НА ХАЛАНД ЌЕ МУ ТРЕБААТ 5 ГОЛА ВО ФИНАЛЕТО
Објавено на: 18.05.2023
Новите момчиња имаат широки патики за носење, кога станува збор за рекордите што ги остава зад себе старата гарда. Иако имаат неверојатно бројки, играчите како Мбапе и Халанд ќе треба да лапаат уште фурни леб за да ги стигнат Роналдо и Меси, на пример.
Сезонава, во рамките на натпреварите од Лигата на шампионите, Ерлинг Халанд има постигнато 12 гола. Во полуфиналето, не успеа да ја погоди мрежата против Реал Мадрид, иако имаше неколку неверојатни шанси и во повеќе наврати беше сам пред Куртоа.

Кристијано Роналдо, во сезоната 2013/14 постави рекорд во елитното натпреварување со постигнати 17 гола, што останува мисловна именка за останатите фудбалери. Колку гола ќе постигна Ерлинг Халанд во финалето против Интер во Истанбул?
*Најблиску до овој скор на португалскиот виртуоз, кој има постигнато и 16, односно 15 гола во една сезона, беа Бензема и Левандовски со по 15 погодоци, a Мeси има 14 гола во сезоната 2011/12.