ВО ШТО СЕ ПРЕТВОРИ СПОРТОТ, ВРЕДИ ЛИ ЕДЕН КЛУБ 5 МИЛИЈАРДИ?
Објавено на: 29.04.2023
Шеикот Јасим понудил финална сума за купување на Манчестер Јунајтед, која се претпоставува дека е околу 5 милијарди фунти или 6.28 милијарди долари во кои пресметуваат актуелните газди на англискиот тим, кои се Американци. Понудата, се вели, е „земи или остави“. Тоа е светски рекорд за една спортска организација.
Ова е трета понуда од страна на шеикот, која беше доставена пред крајниот рок кој истече вчера. Јасим е син на поранешниот премиер на Катар. Тој е банкар и верува дека тоа е вистинската цена на Манчестер Јунајтед, која нема намера да ја плаќа повисоко. Сака 100% сопственост над клубот. Американците Глејзер бараат 6 милијарди.

Сер Џејмс Артур Ратклиф, британски милијардер, хемиски инженер и бизнисмен, нуди да откупи нешто над 50% од Манчестер Јунајтед, а на Глејзерс да им остави 20% од клубот. Ретклиф најверојатно ќе треба да зема кредити за да ја оствари целта. Друга јавно декларирана страна која е заинтересирана за Манчестер Јунајтед, нема.

Можно е, во последен момент, Глејзерс да ги задржат своите акции и со инвестиција од страна на Елиот Инвестмент и Карлајл Груп, да продолжат да раководат со клубот од англискиот град.

Вреди ли сето ова толку пари? Каде отиде спортот?