ЛЕЈКЕРС ПОБЕДИЈА +40, МОЖАТ ЛИ ДО ТИТУЛАТА?
Објавено на: 29.04.2023
Екипата од ЛА на крилјата на Леброн и Дејвис стигна до убедлива победа во решавачкиот натпревар против Гризлис, со 125:85. Не само што беше убедлива победата, туку поразот за составот од Мемфис беше срамен затоа што се случува во еден плеј-оф натпревар.
Убедливата претстава на првите две ѕвезди на Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис покажува дека кога тие двајца се здрави и на терено играат заедно во полна пареа, тешко дека некој може д аим се спротивстави, што се гледа од хајлајтсот на линкот:
The Lakers DYNAMIC DUO leads them to the Conference Semis ✨✨
AD: 16 points, 14 boards, 5 blocks
LeBron: 22 points, 6 boards pic.twitter.com/DgDvLrAR2H— NBA (@NBA) April 29, 2023
Сезонава има многу изненадувања, како во регуларниот дел на сезоната, така и во доигрувањето. Мајами, на пример, е првата екипа што од плеј-ин успеа да помине една рунда во плеј-офот. Вориорс кои се актуелни шампиони имаат проблеми со Сакраментo (3:3).

Победата на Лејкерс е највисока на 7-ми „носител“ против втор. Иако сензацијата во моментов е на страната на Хит, кои (за првпат во историјата на НБА лигата) како 8-ми „носител“ елиминираа еден прв, можат ли Лејкерс да се реинкарнираат и да стигнат до пехарот?