ХАЛАНД ДОСЕГА ИМА 30 ГОЛА, КОЛКУ ЌЕ ИМА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА?
Објавено на: 10.04.2023
Актуелниот англиски шампион сезонава се уште е во игра за одбрана на титулата, пред се благодарение на последната аквизиција која се вика Ерлинг Халанд.
Норвешкиот интернационалец има 22 години и за 52 милиона фунти дојде од Борусија Дортмунд, но се претпоставува дека ќе ги чини граѓаните цели 100 милиони евра.

Девет месеци подоцна, напаѓачот има 44 гола што е изедначување на рекордот на сезоната за еден играч во Премиерлигата, а во ова натпреварување има 30 погодоци. Последниот со ножички, колку ќе постигне до крајот на првенството на Островот?