Фудбал

СТАТИСТИКИ ЗАД ГОЛОТ СО НОЖИЧКИ НА ХАЛАНД (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд ќе ги сруши сите рекорди како што тргнал и тоа во неговата деби сезона.

Норвежанецот на натпреварот со Саутепмтон стигна до својот 200 гол во својата кариера (има само 22 години) на досега 227 натпревари одиграни. Во просек, Халанд постигнува гол на секои 102 минути до сега!

Фантастичната статистика не застанува тука, бидејќи голот број 200 во неговата кариера беше и неговиот 30 во деби сезоната во Премиер лигата, постигнати на само 27 натпревари. 4 гола го делат од рекордните 34 гола во една сезона, постигнати од легендарниот Алан Ширер.

За крај на овие фантастични бројки, погледнете го голот ремек дело со ножички.