ВИНИ И КАРИМ И ПРЕСУДИЈА НА БАРСА
Објавено на: 06.04.2023
Со хет-трик во второто полувреме за францускиот интернационалец, по изедначувачкиот гол што го постигна бразилскиот, Кралскиот клуб ја елиминира каталонската гордост со вкупни 1:4 (1:0) во полуфиналниот двомеч во Купот на Кралот.

По три последователни порази во Ел класико соочувањата, најтрофејната шпанска екипа покажа зошто го носи овој епитет. И статистиката беше на страната на гостите, категоријата која отсекогаш многу им значела на домаќините.

Како ли изгледаат насловите утрово во Каталонија? Може ли Реал да ја надополни и разликата во шампионатот која е -12 по 27 од 38 кола? Претходно, му следи финале за трофејот во Купот против Осасуна и 1/2 финале во ЛШ против Челси.