ЕВЕ КОЛКУ МЕСЕ НЕ Е ЗАИНТЕРЕСИРАН ДА ИГРА ВО ПСЖ
Објавено на: 03.04.2023
Аргентинскиот интернационалец веднаш избега од теренот по поразот од Олимпик Лион во француското првенство, затоа што овој загубен меч беше своевиден студен туш за играчите на клубот од престолнината. Лионел Меси ја загуби топката 26 пати за време на поразот со 0:1, првата позиција на ПСЖ не му е загрозена затоа што има 6 бода позитива зад следниот тим, но оваа екипа врза два пораза во низа.

Освен што учинокот на најдобриот фудбалер на денешницата беше најслаб на мечот, тој има неверојатни 498 загубени топки во текот на се уште незавршената сезона, што е четврт најлош индивидуален скор во актуелното француско првенство. Време е да си оди од Париз?