Фудбал

ЧОВЕКОВ СИ ЗАМИНА И ЌЕ СТАНЕ ФУДБАЛСКИ „ШЕИК“

Новиот газда на Челси по потежок пат ги учи лекциите на претходниците, затоа што Тед Боели треба да му исплати рекордно обештетување на британскиот фудбалски менаџер. Моментално, негов наследник е Бруно Салтор, некогашниот шпански фудбалер кој беше му асистент на Потер.

Во договорот меѓу Челси и Греем Потер стоеше отпремнина што би претставувало невидено скапа разделба меѓу тренерот и клубот – 50 милиони фунти за плата по 12 милиони фунти годишно.

Сепак, договорено е Потер да добие 21.5 милиони фунти на име обештетување, но и таа сума е своевиден светски рекорд за тренери кои останале без работа. Почетино, Зидан и Нагелсман чекаат во ред за сината клупа.