ЗОШТО СЕ НАФАТИ НА БАЕРН? ЈА ПРЕГАЗИ БОРУСИЈА, КАКО ЌЕ ПОМИНЕ СО СИТИ?
Објавено на: 02.04.2023
Германскиот тренер тргнал на пат да преговара со неколку клубови, кога заѕвонил телефонот и му било понудено да биде предводник на баварската машинерија.

Оставил се живо, веднаш долетал во кампот на Баерн и ја прифатил понудата.
Еве зошто:
Да имаш можност да играш за титули, да бидеш блиску до фамилијата, овој тим – тоа е миксот поради кој се решив да кажам „да“. Желбата и возбудата на задачата, преовладаа над се. Има уште многу простор за напредок во играта.

Ова се зборовите на Томас Тухел, кој ја победи својата Борусија Дортмунд (2015-17) со 4:2, го врати Баерн на првата позиција и атакува на трофеите во Германија и во ЛШ.