ПОТЕР КОГА ДОЗНАЛ ДЕКА НАГЕЛСМАН БУКИРАЛ БИЛЕТ ЗА ЛОНДОН?
Објавено на: 02.04.2023
Притисокот на позицијата тренер во Челси повторно е на максимално ниво, иако бордот на лондонскиот клуб во неколку наврати му искажа полна доверба на актуелниот менаџер на сините.

Челси испадна од првата половина на табелата во Премиерлигата, што е нов знак за аларм кај некогашната машинерија од главниот град на Англија.
Ни треба поддршка од навивачите, во вторник. – изјави Греем Потер, по поразот од Астон Вила (0:2), за дуелот со Ливерпул кој беше нокаутиран од Сити (4:1).

Добро упатените познавачи на фудбалот сугерираат дека Јулиан Нагелсман е на пат кон Лондон и дека е најсериозниот кандидат за позицијата прв тренер на Челси.