Кошарка

СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ОД ГОБЕР ЗА НБА ЛИГАТА

Францускиот интернационалец повторно е во центарот на вниманието, нешто слично како на онаа прес-конференција кога го чистеше бирото пред короната и ја исмејуваше пандемијата, за потоа да се извинува на сите можни нивоа.

Сега, ја обвини канцеларијата на НБА лигата за „местење“ натпревари:

Тоа е сре*е, тоа е сра*е. Не е фер. Навистина не е фер. Секоја вечер. Во оваа лига сум 10 години и секогаш се обидувам да ги тргнам сомнежите на страна, но многу е тешко да ги сокријам чувствата дека лигата им помага на Феникс, Голден Стејт и Сакраменто да победуваат. Тоа е толку очигледно. Како кошаркар, кој игра во оваа лига толку долго, се чувствувам разочаран.

Има ли вистина во овие тврдења? Како ќе реагира канцеларијата на НБА лигата?