Фудбал

ПРОВОКАЦИЈАТА НА ЏАКА КОН СРПСКАТА КЛУПА (ВИДЕО)

Гранит Џака има нерасчистени сметки со фудбалерите на Србија, а тоа на неколку пати и вечерва се покажа.

Се чини дека највжештена беше неговата реакција кон клупата на Србија, од која „експлодираат“ резервните играчи на српската селекција.

Според многу профили на социјалните медиуми, Џака се обратил на Рајковиќ за кој постоеа шпекулации во медиумите дека неговата сопруга била фатена во секс скандал со друг соиграч од репрезентацијата. На оваа реација следуваше жесток одговор од клупата.

И на крај, како да не беше доволно, нов дуел на Џака со српските фудбалери, овој пат со Никола Миленковиќ.