Фудбал

ЛУДОТО РАДУВАЊЕ НА КОРЕЈЦИТЕ И РЕАКЦИЈАТА НА РОНАЛДО

Репрезентацијаа од Азија се пласира во следната фаза на СП поради повеќе постигнати голови од Уругвај, при сите други изедначени категории на табелата, но прво требаше да победи против силната Португалија.

Реакцијата и радоста на Корејците се магијата која ни ја нудат големите натпреварувања, како што е мундијалот кој е уникатен, раритетен, посебен, инспиративен и се друго што не може да се објасни со зборови.

Видеото ни покажува колку им значеше на Корејците тој гол во последните моменти од мечот, но и колку Роналдо сфаќа што би можело да и се случи на Португалија, ако кармата (поради „лабавиот“ настап) дојде по своето.