Фудбал

ПИКСИ СЕ ЗАГУБИ СО КАМЕРУН, ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ДА ИМ „ВРАТИ“ НА ШВАЈЦАРЦИТЕ?

Селекцијата на Србија имаше поволно сценарио во џебот, по водството од 3:1 против Камерунците. Не е исто кога почнуваш со 0:0 или со 3:1, па затоа Србија требаше да се повлече при овој скор и да го нервира противникот, да игра рутински и да се штеди за последното коло.

Вака, сега, Србите ќе мора да победат против Швајцарците ако сакаат сигурен пласман во нокаут фазата.  Реми не им одговара, а воедно не им одговара и некое лудо сценарио со победа на Камерун против Бразилците. Се е отворено за вториот патник од оваа група:

Бразил* 6
Швајцарија 3
Камерун 1
Србија 1

*обезбеден пласман

Селекторот на Србија имаше прилика да обезбеди сигурни три бода по водството од 3:1, да ја смени тактиката против побрзите и полетни африкански фудбалери. Какви се вашите прогнози за последното трето коло, во друштвото Г?