Фудбал

ДО КАДЕ ЌЕ ДОТУРКА ЕНРИКЕ, СО ДЕЦАТА?

Шпанската селекција е трета најмлада на светското првенство во Катар, но прва од фаворитите кои се најсериозни кандидати за висок пласман, односно за трофејот на Жил Риме. Просечната возраст на селекцијата на црвената фурија, изнесува 25.6 години.

Селекцијата на Еквадор има идентичен просек со Шпанците, САД со 25.2 и Гана со 24.7 се единствените помлади репрезентации, но ниту една од овие три нема потенцијал ниту пак историско портфолио, за големи достигнувања на 22-то светско фудбалско првенство.

Возраста не мора да значи ништо, но сепак ќе се повикаме на шампионската ДНК која се пренесува од генерација на генерација, последните три децении кај Шпанците и ќе им дадеме најмногу шанси за нов дострел кој ќе означи нова историја во фудбалот.

Ацпиликуета, Мората, Коке, Карвахал, Алба и Сарабиа со 30 или повеќе години, го расипуваат просекот на жолтоклунците кои се дојдени повторно да се искачат на врвот на светот. Германија не е нешто посебно повозрасна, има просек 26.7 години. Кој ќе слави вечер?