Фудбал
МБАПЕ Е ВЕЌЕ КАНДИДАТ ЗА НАЈДОБАР НА СП?
Објавено на: 26.11.2022
Со двата гола во победата на Франција против Данска со 2:1, Килијан Мбапе веќе се истакнува како еден од најдобрите фудбалери на светот, односно играч кој е во најдобра форма на актуелното светско првенство.
Дел од податоците кои го прават напаѓачот на ПСЖ, крал во Катар:
24 години
50 гола во календарската година
30 гола во дресот на Франција
Мбапе постигна гол и во победата против Австралија со 4:1. Дали е ова негов мундијал?