Политика за приватност 

 
Златна Копачка ја има изработено оваа апликација како бесплатна апликација која што можете да ја симнете како таква. Услугите кои се наведени во неа не опфаќаат дополнителна наплата.

Оваа страница се користи како информатор за посетителите со цел да се запознаат со политиката за приватност на Златна Копачка околу употребата и заштитата на личните податоци за оние кои ја користат оваа апликација.

Доколку ја употребувате оваа апликација, Вие сте согласни со начинот на прибирање и обработка на Вашите лични податоци, согласно условите и правилата наведени во Политиката за приватност и Законот за заштита на личните податоци. Златна Копачка се обврзува дека нема да ги споделува Вашите лични податоци со трети лица. 


Прибирање на податоци и нивна употреба 


За подобро искуство во работењето на оваа апликација, можно е да бидат побарани дополнителни лични информации. Податоците кои ќе ги споделите ќе бидат складирани на Вашите електронски уреди од каде што ќе пристапувате и нема да бидат прибирани од наша страна.

 Апликацијата не користи услуги и уреди од трети страни кои можат да ги прибираат Вашите лични информации. 

Линк до Политики за приватност од трети страни ќе бидат споделени со Вас доколку тоа биде реализирани. 


Колачиња


Колачињата се фајлови со мал број на податоци и најчесто се користат како анонимни уникатни идентификатори. Овие податоци се испраќаат до Вашот пребарувач и до веб страните кои ги пребарувате и се складираат во интерната меморија на Вашиот електронски уред. 

Оваа услуга не ги користи колачињата експлицитно. Како и да е, апликацијата може да користи кодови од трети страни и датотеки кои користат „Колачиња“ за собирање на информации кои ќе го подобрат Вашето искуство додека ја користите оваа апликација. Ќе добиете известување со опција да го прифатите или да го одбиете тоа. Доколку ја одбиете таа функција, дел од опциите кои што се наоѓаат на апликацијата можеби нема да бидат достапни за користење. 

 

Услуги од трети страни 


Златна Копачка може да ангажира трети страни во процесот на функционирање или надградба на апликацијата под следните причини: 

Сакаме да ги известиме сите корисници на оваа апликација дека во овие случаји, третата страна би имала допир до Вашите лични податоци. Причината поради која би имале допир до Вашите лични податоци е поради задачи зададени од наша страна со цел подобрување на Вашето искуство на нашата апликација. Сепак, сите трети страни имаат потпишано договори за доверливост за било какви информации кои произлегуваат од оваа активност. 


Безбедност


Ние ја цениме Вашата доверба во доставувањето на Вашите лични податоци кон нас како би ги задоволиле Вашите потреби. Сепак, имајте секогаш во предвид дека интернет трансмисиите на податоци не се секогаш 100% заштитени, па така и ние не би можеле 100% да Ви гарантираме апсолутна безбедност. 


Линкови до други страни 


Преку оваа апликација и услугите кои ги нудиме за неа, можете да бидете префрлени на веб линкови до други страни. Доколку се пренасочите на нивните веб страни, имајте во предвид дека тие страни не се во наша сопственост и таму важат други Политики за приватност врз кои немаме контрола и не превземаме одговорност за нивните постапки.

 Ве советуваме при посета на трети страни, да ги прочитате нивните Политики за приватност и Услови за користење. 


Заштита на приватност за малолетници Children’s Privacy


Овие услуги не опфаќаат малолетници односно лица со ненавршени 18 годишна возраст. Апликацијата ќе ги одбива сите профили на оние кои личните податоци не се совпаѓаат со овој критериум. Доколку нашиот систем детектира дека во него има профил на лице кое не го исполнува овој критериум, во истиот момент на идентификување ќе биде избришан од нашиот систем, а услугите ќе бидат забранети за користење. Доколку сте родител или старател и забележете дека Вашето дете ја користи услугата, Ве охрабруваме веднаш да ја контактирате нашата Корисничка поддршка како би можеле да превземеме понатамошни чекори за суспензија на профилот и бришење од нашата датабаза. 


Промени на Политиката за приватност 


Златна Копачка го задржува правото за промена на Политиката за приватност. Ве охрабруваме почесто да ги читате условите за користење, но ние превземаме одговорност да Ве известиме за секаква промена на членовите во Политиката за приватност.

 Оваа Политика за приватност е ефективна од 20.11.2020. 


Контакт 


Доколку имате прашања или сугестии за Политиката на приватност, го очекуваме Вашиот совет и препорака на support@zlatnakopacka.mk